АКТУЕЛНО

ПЕТИЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ВЛАЕ ПРОТИВ НОВИОТ ДУП: Цртаат улица низ школото за да се гради 11-катница

Жителите на населбата Влае почнаа петиција за собирање на потписи против новиот Детален урбанистички план за Влае 2. Велат дека петицијата е со цел да се спречи поместувањето на улицата Есперанто која треба да поминува низ училишниот двор на ОУ Димо Хаџи Димов. Поместувањето на улицата ќе отвори простор за вцртување 11-катница на местото на сегашниот свиок од улицата, со што ќе се загрози хуманиот начин на живеење на сите жители на Влае.

„Поместувањето на улицата ќе предизвика зголемена фреквенција на сообраќај во близина на училиштето со што ќе се зголеми ризикот од собраќајни судири, звучното загадување и аерозагадувањето“, велат жителите од групата „Борба за Влае“.

Со планот кој е во постапка на носење се предвидуваат згради на просторот на некогашно кино Влае односно зад автобуската станица на булеварот Партизански одреди. Зградите ќе бидат со висина од 6 до 10 ката. Парцелата за маркички за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. Со новиот план улицата ќе предвидува да се пробива зад киното односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

Маркичка за зграда се предвидува на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор како што велат жителите е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници.

На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина пак е вцртана маркичка за црква. Детското игралиште беше направено пред три години и него тогаш го отвори ексградоначалникот Стефан Богоев.

Овој ДУП еднаш беше донесен во претходниот мандат на градоначалникот Стевче Јакимовски, но во 2018 година е укинат од Уставен суд.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...