АКТУЕЛНО

Од октомври поевтин роаминг со земјите од ЕУ

Цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат. Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, пренесувајќи ја објавата од Европската комисија дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона, врз основа на Декларацијата за роаминг потпишана на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа во декември лани во Тирана.

„Се очекува со ова ограничување на цените за роаминг за пренос на податоци значително да се поттикне развој на бизнисот, туризмот и да се зајакнат врските помеѓу ЕУ и Западниот Балкан. Во моментов операторите работат на создавање на производи со цени под договорените ценовни ограничувања за да бидат достапни за што поголем број потрошувачи“, велат од МИОА.

Во јули 2021 година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...