ИНФО

На чаирско училиште поставен фотоволтаичен кров

Во основното училиште „Конгреси и Манастирит“ во Општина Чаир, вчера беше пуштен во употреба фотоволтаичниот кров, кој се очекува во текот на годината да произведе струја од 26.195 киловати, а заштедата на електрична енергија се очекува да биде и до 50 проценти.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кажа дека со пуштањето во употреба на овој соларен кров, се подразбира и намалување на потрошувачката на електрична енергија и искористување на заштедените средства за други училишни активности, поточно за унапредување на воспитно-образовниот процес.

„Фотоволтаичните кровови се чист и одржлив извор на енергија, а истовремено значат и одржлива енергетска иднина, нула негативно влијание врз животната средина, односно без загадување, зголемување на употребата на зелена технологија како и обезбедување транзиција кон чиста енергија“, рекол Ганиу.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 154 возачи, 25 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 154 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...

ИНФО

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце...

ИНФО

Во февруари хуманиот третман го поминале 130 кучиња

Jавното претпријатие „Лајка“ известува дека во месец февруари, хуманиот третман го поминале...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...