КУЛТУРА

На Саемот на книга за 25 отсто повеќе посетители од лани

Во првите три дена од јубилејното 35. издание на Саем на книга посетеноста е за 25 отсто поголема од лани. Според организаторот тое не е изненадување имајќи ги во предвид програмата во промотивниот центар како и многуте промоции на издавачите, во склоп на својата програма, коишто годинава се значително диверзифицирани и многубројни.

Се очекува бројот на посетители оваа година да достигне 30.000, како во предпандемичниот период, а средбите со авторите, работилниците, трибините, секако придонесуваат за истото.

Простор за потребите на овој саем е уреден така што не се видливи трибините, ниту пак се има чувство дека посетителите се наоѓаат во спортска сала, туку во еден сосема поинаков трансформиран простор. Игор Џамбазов, Влада Урошевиќ, Ана Јовковска, Венко Андоновски, Васил Мукаетов, Наташа Сарџоска, Велко Неделковски, Станислав Петковски-Сашо, Виолета Танчева-Златева, Вања Изова, Петар Андоновски, Анде Јанков, Ана Аврамовска, Дарко Симуновски, Александар Прокопиев, Бистра Георгиева, Игор Станојоски, Жарко Кујунџиски, се само дел од многуте имиња кои се дел од годинешната програма на средби и читања со автори на Саем на книга. Денеска саемот го посети писателот на бестселери Крис Картер.

Во самиот простор, саемот и штандовите ги красат висечките табли со мисли од безвременски легендарни имиња во македонската и светската книжевност како Кочо Рацин, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Лав Толстој, Франц Кафка.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...