На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на Поточиња. За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( актерот Мартин Јорданоски ).
Ова беше повод да разговараме со Оливер Пап, кој преку Пап продукција е вклучен во целата организација на фестивалот уште од самите почетоци.

Кој се е вклучен во организација на овој фестивал на детскатта песна?
ОЛИВЕР ПАП: Основач и идеен творец на фестивалот е Мирослав Пап, јас бев вклучен уште од почетоците на фестивалот колку можам. Најпрвин како маркетинг поддршка,логистика ама со тек на време и во кративниот дел, пишувања сценариа, текстови. Покрај семејството имаме и многу соработници, за видео продукција, аудио продукција, кореографи. Значи една голема машинерија стои позади ова, околу десетина луѓе сме во подготовка. Тука е и водителот, глумецот Мартин Јордановски во маскотата Поки. Соработуваме со двајца кореографи. Оваа година кореографи се Иван Англековски и Весна Ѓурковска, имаме соработка со две млади писателки на детска поезија, за видео продукцијата се грижи Фабрика. Пап продукција е целосен организатор на фестивалот, а Поточиња е веќе национален фестивал, на ниво на цела Македонија.
Колку дечиња ќе настапат годинава на фестивалот?
ОЛИВЕР ПАП: Годинава ќе настапат околу 50 дечиња вкупно, од хорот и солистите. Тоа е екипата што ќе го носи фестивалот. Ќе има вкупно 15 нови песнички, односно 16 на кој на едната песна ќе ни биде гостинка Елена Ристеска со песничката „Мамо, благодарам“.
Дали ќе има цд со најголемите хитови досега испеано на фестивалот?
ОЛИВЕР ПАП: Ќе има цд оваа година со најголемите хитови, досега отпеани на фестивачите. Го чекавме јубилејот, иако и на десеттиот јубилеј имаше доволно материјал. Тоа беше во 2013 година. Сега се поклопија коцките за да го издадеме и еден диск ни е малку, имавме тешка селекција, На дискот ќе има 23 песнички.
Каква е поддршката на фестивалот?
ОЛИВЕР ПАП: Спонзори има со тоа што подршката од државата, односно од министерството за култура не е пропорционална во однос на трошоците и се останато. Во ред е поддршката, ја прифаќаме, но не сме задоволни во целост. Локални фестивали добиваат повеќе пари од Поточиња што не е во ред, затоа што Поточиња е навистина бренд кој опстојува 20 години и тоа на национално ниво.
Со какви предизвици досега се соочил фестивалот?
ОЛИВЕР ПАП: Креативни и идејни предизвици никогаш немало, секогаш имало добри песни, добро сценарио. Секогаш проблемите биле од егзистенцијална и финансиска природа. Морам да го издвојам јубилејот од 15 години Поточиња во 2018 година каде буквално со сопствени средства го организиравме Не секогаш, меѓутоа поддршката од време на време затајува. Приватниот сектор, медиумите се затајува.
Значи работиме со врвна продукција, за да го одржиме нивото, ама тоа чини многу. Буџетот кој го имаме е и од чланарините кои ги плаќаат учесниците и секогаш кога имаме постабилна финансиска конструкција гледаме да ги намалиме чланарините кои ги плаќаат. Меѓутоа ние ниту една година не можеме да си дозволиме да не го наплаќаме членството во хорот поради егзистенцијални причини. Еден од поголемиот партнер на фестивалот е самофинансирањето преку плаќање на чланарина за учество во хорот и гледаме да биде секоја година прилагодено и симболично, ама целото општество е летаргично во однос на тоа дека треба да поддржат нешто за деца.
Колку му фали Универзална сала на Фестивалот?
ОЛИВЕР ПАП: Сега имаме просторен проблем со Филхармонија. Многу ни фали Универзална сала, и како капацитет и како културен симбол на градот и како комоција која ја имаме за фестивалот во однос на сите подготовки и проби претходно. И филхармонија и опера си имаат свој оркестар, своја програма и речеси ние да немаме простор за генерална проба. Значи главната генерална проба е два часа пред фестивалот. Додека во Универзална сала сме правеле неколку проби на сцена. Концертна сала наменета за тоа. Дефинитивно луѓето имаа навика да одат во Универзална сала, се функционираше поинаку.
Како изгледа процедурата за одбирање учесници, дали имате одбиено доста дечиња?
ОЛИВЕР ПАП: Значи традиционално подготовката на новото издание на фестивалот започнува со аудиција во септември за прием на нови членови. Аудицијата е отворена за деца од 5 до 10 години и критериумите за различна возраст се различни. Секое дете мора да има минимум вокални способности, ритмички спосбности, квалитети кои што мора да ги поседува за да добие прием во хорот, и да покаже минимум можност за соработка, за работа во група, мора да има минимум талент за да учествува. Нормално сме одбилеи доста дечиња. На последната аудиција се пријавија околу 90 деца и одбивме педесетина и тоа е најтешкиот момент кога треба да се одбијат децата.
Дали дечињата кои поминале на овие фестивали се уште се занимаваат со музика?
ОЛИВЕР ПАП: Некои големи музички ѕвезди се уште не се стасани, меѓутоа има голем дел од децата што се занимаваат со музика, глума, танцово играње кои што сега се студенти или во средно училиште. Еве Марија Спасовска беше од петгодипна возраст во нашиот хор, пееше 4 пати на Поточиња. Има доста учесници кои се пробиваат како вокалисти и тоа многу не радува.
Химната е нешто по кое најмногу ве препознаваат. Кога беше отпеана?
ОЛИВЕР ПАП: Химната е безвременска, влезена во антологија на детската песна. Испеана е на првиот фестивал, химна направена наменски. Музиката е на Мирослав Пап, а текстот е на Владо Димовски.
Фестивалот е стартуван 2004 година за деца од предучилипна возраст за деца од 5-7 години, а набрзо после тоа да прерасне за деца од 5- 10 години.
Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.
Се уште има во продажба билети за дел од претставите. Оние што сакаат да набават нека побрзаат затоа што може да се случи на денот на самата претстава да нема.
Оваа година во духот на 20 години јубилеј на поточиња, со новото лого ќе се продаваат маички и шољи на влезот на Филхармонија, како и целата дискографија досега од фестивалот.
Leave a comment