ИНФО

Утре улична трка низ Скопје на 10 километри

Утре со почеток во 9 часот низ улиците на Скопје ќе се одржи уличната трка „ХалкЕко Скопје трча 10км“. Стартот и целта ќе бидат исти како и минатите години, на булеварот Илинден кај фонтаната „Лотос“.

Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг по дел од булеварите Илинден и Партизански одреди и улицата Никола Парапунов.

Трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парични награди. Со дипломи и пехари ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години.

Оваа улична трка од локална прерасна во меѓународна со сертификат од Светска Атлетика и АИМС.  Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија, главен партнер е Халкбанк АД Скопје, додека покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...