Денеска од 8 до 15 часот затворена за сообраќај ќе биде една лента на улицата Даме Груев. Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ на улицата машински ќе се гребе оштетениот асфалт, во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија.
Исто така во текот на викендот ќе продолжат активностите за асфалтирање со прв слој асфалтна маса на улицата Александар Урдаревски, па времениот сообраќаен режим ќе важи за лентата што е во насока на движење од обиколницата кон крстосницата кај населено место Кучевишка бара.
„Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена по една сообраќајна лента и на двете улици. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот“, велат од претпријатието.
Leave a comment