МАГАЗИН

ТИК ТОК ТРИК ЗА ДОЛГИ ТРЕПКИ: Само свртете го виткачот наопаку

Доколку сакате да постигнете максимална должина и волумен на трепките, испробајте ја оваа техника каде што го користите виткачот наопаку. Го пробавме и трикот навистина функционира.

Една од причините зошто користиме маскара е да го зголемиме волуменот и должината на трепките. А сите ние слободно може да кажеме дека сме  големи љубители на долгите трепки, па постојано бараме маскара која е совршена за нас. Еден од најпознатите “асистенти“ за постигнување на идеална должина на трепките е виткачот за трепки. Сите имаме по еден дома и сигурно веќе сте ја усовршиле неговата употреба, но социјалната мрежа Тик Ток убедува во спротивното. Според Тик Ток се чини дека цело ова време погрешно сме го користевме виткачот за трепки.

Најголема должина и волумен на трепките ќе постигнете ако го користите вашиот виткач наопаку. Првото вакво видео на Тик Ток го објави креаторката Одри Бус и резултатите се навистина одлични. Имено, потребно е да го превртите виткачот наопаку и со него нежно да ги стискате трепките од средината до крајот за целосно да ги исправите. Потоа го вртите виткачот во вистинската положба и виткајте ги трепките како и обично, од корен до врв. После тоа, премачкајте ги трепките со омилената маскара и треба да видите разлика во должина и волумен. Ја испробавме оваа техника и можеме да ви кажеме дека навистина функционира. Трепките средени со оваа техника на обратно виткање изгледаат како да имаат нанесени екстензии на нив.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...