По повод Европскиот ден на знамето, организацијата ‘Европско движење’ денес организира планинарски марш.
Пред седиштето на ЕУ со почеток во 09:00 часот, ќе се изврши размена на македонското и европското знаме со традиционално и симболично значење. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на Европската Унија ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.
Се очекува на маршот да се приклучат бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.
Покрај церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои во Македонија би требало да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава.
Leave a comment