АКТУЕЛНО

Млади уметници од Франција и Германија цртаат мурали во Градски парк

Мурали со пораки за мир во светот од меѓународни уметници во Скопје
Mлади уметници од Франција, Германија, Украина и Македонија цртаат мурали на тема мир во Градскиот парк во Скопје. Целта на проектот во кој се вклучени дваесет и еден млад уметник, е зајакнување на мултикултурниот дијалог помеѓу младите, поттикнување на креативноста и слободното изразување кај младите, повик на мир и помирување преку уметноста.

Младите креативци во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, поминаа и дводневна обука за сликање мурал под менторство на тројца реномирани уметници, Ема Попи од Франција, Дамјан Ив Род од Германија и Марина Сорокина–Сомари од Украина.

Реализацијата на проектот е со поддршка на Француско-германската канцеларија за млади и Француско-германскиот културен фонд, во рамките на програмата „Наша Европа, наша иднина“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...