АКТУЕЛНО

Министерството за образование предлага ТикТок да се забрани во школите

Министерството за образование и наука бара да се донесе одлука со која ќе се забрани социјалната мрежа ТикТок во школите. Министерот Јетон Шаќири денеска информираше оти ќе им предложи на Владата и безбедносните органи да извршат итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како што е ТикТок.

„Имајќи предвид дека истите не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи“, вели министерот Шаќири.

Ваквото барање следи откако во соседна Србија 13-годишно дете во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби осум соученици и чуварот на школото. Целта на мерката е да се намалат сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

„Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот“, додава  министерот Шаќири.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...