АКТУЕЛНО

36 ГОДИНИ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА НАПЛАТНИТЕ СТАНИЦИ: Лани рекордни 53 милиони евра наплатени од патарините

Кога во далечната 1987 година беа пуштени во употреба трите наплатни станици на територијата на државата првиот билет на првото возило што помина низ патарината го подал вработениот инкасант Никола Станоев. 36 години подоцна Никола сè уште е дел од тимот на наплатната станица Градско, а од тогаш до сега се отворени 14 наплатни станици на Коридорите 10 и 8.

Јавното претпријатие за државни патишта вчера го одбележа 4 мај-денот на наплатната служба односно 36 години од отворањето на првите три наплатни рампи. Според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта вкупно на двата Коридора 8 и 10 во 2022 година транзитирале 52 милиони возила од сите категории. Овој број на возила на ЈПДП му донеле рекорден приход од 53.242.070 евра што претставува зголемување на остварениот приход за 15%.

Во јули 2019 година на автопатиштата профункционира и електронската наплата на патарина која бележи постојан раст како во продажба на електронски уреди, така и во надополнувањето на истите. За периодот 2019 до сега, продадени се 146.492 вкупно М-Смарт картички и 18.477 М-Тагови. За посочениот период, направени се вкупно 892.673 поединечни надополнувања на електронски уреди.

Учеството на електронската наплата како што велат од ЈПДП е со постојан пораст во вкупниот промет остварен од наплата на патарина и веќе надминува 30% од вкупната наплата. Најчест начин на плаќање патарина е се уште во готовина со нешто над 55% од плаќањата, електронска наплата учествува со околу 30% и безготовинско плаќање со користење на платежни картички околу 15 % при плаќање на патарина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...