МАГАЗИН

Што никогаш не треба да чувате во паричникот

Губењето или кражба на паричник може да значи многу неволји, па за полесно справување со тоа, стручњаците советуваат дека некои работи никогаш не се чуваат во паричникот.

  1. Сметки

Брендон Кинг е основач на приватната служба за безбедност на домотHome Security Heroes. Тој вели дека не треба да се чуваат сметките в паричник бидејќи тие може да се користат за извлекување подробности за трансакциите, за банкарски сметки, па дури и за навиките за купување.

„Вештиот измамник може да ги искористи Вашите сметки за да се јави во компанијата на вашата кредитна картичка и да добие повеќе податоци за сметката“, вели Кинг.

  1. Кредитни картички

Доколку се носи кредитна картичка в паричник, постои поголема опасност „да потрошите повеќе пари“ отколку што е планирано. Ако  пак, таа оставне дома, корисникот полесно ќе ја следи потрошувачката, советуваат стручњаците.

  1. Лозинки

Ова е веројатно очигледно и се подразбира за многумина, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки, ПИН-кодови на картички или за врати во паричникот.

„Не правете го тоа. Не ја запишувајте лозинката ниту на хартија. Чувањето список со лозинки, ПИН-кодови или шифра за клуч во Вашиот паричник е голема опасност за (кражба на) идентитетот, што му олеснува на крадецот во кражбата“, предупредува Кинг.

  1. Клучеви

Иако изгледа прилично погодно да чувате клуч во паричникот, и тоа не е безбедна опција, особено затоа што во паричникот има и документи со Вашата адреса, што полесно води до Вашиот дом.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Најчитани статии на Википедија за 2023 година: ChatGPT е на врвот со 49 милиони прегледи

Милиони ширум светот се обраќаат до бесплатната онлајн енциклопедија „Википедија“ за полесно...

МАГАЗИН

Девојката која не постои, ја објави својата прва песна

Виртуелниот ентитет Ана Индијана на својот простор на социјалната мрежа „X“ ја...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....