Поради изведување водоводен приклучок на улица „Козле“ 21 б, без вода денес ќе бидат корисниците на дел од оваа улица, поточно непарните броеви од 1 до 55. Вода ќе нема од 10:00 часот до завршување со работните активности.
Поради дефект на затворач на ул. Никола Карев 9, вода нема да имаат корисниците од дел од следниве улици : Никола Карев, Мирче Ацев и дел од 3-та Македонска Бригада,вклучително и поранешна амбуланта Пролет. Од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Leave a comment