МОЕ ЗДРАВЈЕ

СТУДИЈА: Зошто пред смртта животот ни прелетува пред очи?

Новото истражување се разликува од претходните по тоа што првпат откако постојат такви студии, детално е разработено.

Научниците од американскиот Универзитет Мичиген откриле необичен бран на активности во мозоците на две лица кои умирале, кој би можел да го објасни феноменот на искуства што го доживеале лицата кои преживеале блиска средба со смртта.

Повеќето преживеани често се присетуваат на светлината на крајот од тунелот, вонтелесни искуства средби со починати блиски лица или важни животни случувања.

Досега, научниците не успеаа да утврдат што точно се случува во мозокот во последните моменти од човековиот животот, но минатата година за прв пат детално евидентирале мозочни бранови кај лицата кои биле пред смрт и забележале скок во одреден вид на мозочните активности – гама бранови, како и промени на други фреквенции.

Фактот дека овие приказни имаат толку многу заеднички елементи и доаѓаат од луѓе од различни културни средини укажува на можен биолошки механизам што научниците допрва треба да го демистифицираат. Во новиот труд објавен во списанието Proceedings of the National Academy of Science (PNAS), истражувачите од Универзитетот Мичиген открија доказ за скокови во мозочната активност поврзана со свеста кај двајца пациенти на смртна постела.

Новото истражување се разликува од претходните по тоа за првпат откако постојат такви студии е детално разработено, вели една од авторките на студијата, Џимо Борџигин, чија лабораторија се занимава со проучување и разбирање на невролошката основна свест.

Минливи блесоци на мозочните активности

Таа смета дека таквите минливи блесоци на мозочни активности, кои се случуваат кога испитаниците повеќе не се свесни случувањата околу нив, би можеле да го објаснат феноменот на блидски искуства со смртта.

Нејзиниот тим ги анализирал записите на четворица пациенти кои починале од срцев застој за време на мониторирањето на електроенцефалограм (ЕЕГ).

Сите пациенти паднале во кома и биле исклучени од апарати за одржување во живот откако било утврдено дека повеќе им нема лекарска помош. Кога лекарите ги извадиле од респиратор, кај двајца пациенти (24 и 77) забележано е забрзување на отчукувањата на срцето, како и мозочните бранови во гама фреквенција, најбрзата мозочна активност во свесна состојба.

Експертите потврдиле дека не се работело за некои видови на напади и сметаат дека станува збор за последни налети на свесност во околината.

Претходни истражувања, вклучително и минатогодишниот труд за 87-годишен маж кој починал од последици на пад, исто така откриле скокови во гама брановите кај некои луѓе воочи нивната смрт.

Мал примерок, потребни се дополнителни истражувања

Авторите предупредуваат дека поради малиот примерок не треба да се донесуваат пошироки заклучоци. Дотолку повеќе, не е можно да се потврди дека пациентите навистина имале визии бидејќи не преживеале.

Борџигин се надева дека во иднина ќе собере повеќе податоци.

Но, не сите експерти мислат дека вонтелесните искуствата се поврзани со краткотрајна средба со смртта и сметаат дека тоа попрво би можело да биде невролошка реакција на недостатокот на кислород во мозокот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

4 начини како да ja ублажите болката во зглобовите

Проблемите со зглобовите можат да влијаат на квалитетот на вашиот живот, но...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Причинители на „изрецкан јазик“

Многумина имаат тн. „изрецкан јазик“ – кога тој орган има вдлабнатини или...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Како да ја зголемите меморијата и концентрацијата со 4 методи

Како да ја зголемите меморијата и концентрацијата со 4 методи. Ние нудиме...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети за сезоната на крлежи

Од заразните болести, менингоенцефалитис, меѓу другите, се пренесува преку крлеж. Тоа е...