КУЛТУРА

ТРИБИНА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: Со жив говор можеш да привлечеш повеќе читатели, а тоа е суштината на јазикот

По повод одбележување на Денот на македонскиот јазик, 5. Мај планирани се повеќе активности во склоп на Саемот на книга што се одржува во Борис Трајковски. Македонската асоцијација на издавачи денес ќе организира панел дискусија со почеток од 16 часот во Промотивниот центар на Борис Трајковски.

„На трибината се поканети гости од различни профили поврзани со јазикот: автори, лектори, директор на библиотека и многу други. Темата на оваа дискусија е „Која е состојбата на македонскиот јазик во нашето издаваштво и надвор од книгите“, изјави Наташа Атанасова, секретар и лице за односи со јавност во МАИ.

Покрај другото ќе се дискутира и тоа дали има потреба македонскиот јазик да излезе малку од стандардните рамки со тоа што би се модернизирал и би станал малку поотворен за интернационализми или странцизми.

„Со жив говор можеш да привлечеш повеќе читатели, а тоа е и суштината на јазикот“, вели Атанасова за 091инфо.мк.

Пред трибината, во Промо центарот закажана е и работилница за македонскиот јазик со Виолета Танчева Златева и тоа со почеток од 13 часот.

Виолета Танчева Златева, лектор

„По повод Денот на македонскиот јазик, 5 мај, од 13:00 во промотивниот центар на Борис Трајковски, одржуваме јазично лекторска работилница. Ќе засегнеме повеќе актуелни прашања од употребата на јазикот, поточно од погрешната ушоптреба на македонскиот јазик во различни сегменти од животот. Особено интересна тема за помладите мои колеги пријатели со кои разговарав за оваа работилница, користењето на македонскиот јазик меѓу помладата популација, како тие го користат и оној се позасилен тренд за зборување на англиски јазик наместо македонски јазик во бивната меѓусебна комуникација. Верувам дека ќе има голем интерес, повелете да поразговараме за една од најсуштсетвените важни работи за нашиот идентотет – македонскиот јазик“, изјави Виолета Танчева Златева, лектор во Издавачки центар ТРИ.

Со оглед на се што се презема за да се зачува македонскиот јазик, како и со поддршката на македонски автори веруваме дека во иднина ќе има прогрес околу неговата употреба и значење, што е цел на сите оние кои се вклучени во процесот на

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...