КУЛТУРА

ДАЛИ СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ШАНСАТА ДА БИДЕ ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА: Втората фаза не е ни почната, а до август треба да биде готова

Во јануари 2023 година градот Скопје влезе во потесна селекција, заедно со градот Будва, да стане потенцијална Европска престолнина на културата за 2028 година. Со тоа успешно ја помина првата фаза и очекувано беше да почнат подготовките за втората фаза. Меѓутоа, оттогаш па досега во град Скопје нема одзив за проектот. Иако требало да се организираат состаноци, да се направи нов бид бук, да се определи буџет за проектот, ништо од тоа не е реализирано.

„Градот требаше да има определно буџет за проектот за наредните 7 години и веќе да организира состаноци со тимот на експерти. Од Европската комисија бараат нов и ревидиран бид бук во кој тимот на експерти ќе предложи проекти и настани кои ќе се случуваат во 2028 година и ќе бидат од особено значење за развојот на културата во градот. Меѓутоа, наместо тимот на експерти активно да работи на проектот, односно на ревизија на веќе испратениот бид бук кој мора да биде готов до август 2023 година, експертите се уште немаат потпишани нови договори за работа, а во град Скопје не одговараат на мејлови, повици и покани за состаноци“, велат извори запознаени со проблематиката.

Поради ваквиот однос на градските власти, нашиот град е на добар пат да го изгуби статусот како потенцијален кандидат за ЕКП 2028, особено поради фактот што до 29.08.2023 новиот бид бук веќе треба да е готов, а истиот не е ни почнат.

УНИВЕРЗАЛНА САЛА (НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ СКОПЈЕ ЕКП 2028) СЕ УШТЕ НЕМА ИСПЛАТЕНО ХОНОРАРИ НА ЕКСПЕРТИТЕ КОИ РАБОТАТ НА ПРОЕКТОТ

Универзална Сала е официјален носител на проектот Скопје ЕКП 2028 и токму затоа најми тим на експерти кои ќе работат на апликацијата и на бид букот кој ќе го доведе град Скопје до оваа титула. Од експертите беше побарано да ги сработат своите задачи за релативно краток рок, по брза постапка, бидејќи претходно проектот доцнел и повторно зависел од потписи и одобрување во град Скопје. Откако работата беше успешно завршена, градот Скопје ја блокираше сметката на Универзална сала поради заостанат долг од 2017 година и Универзала Сала нема исплатено хонорари на експерите кои работат на проектот уште од самиот почеток. Според потпишаните договори, Универзална сала требало да ги исплати хонорарите најкасно до декември 2022 година.

„По стотици мејлови до директорот на Универзална сала за кои не добивме одговор, освен еднаш велат дека работат на случајот и ништо повеќе. Во тимот сме лути поради дрскиот однос од страна на директорот на Универзална сала и вработените во град Скопје и спремаме тужба, согласно договорот кој го потпишавме. Тимот на експерти прати неколку мејлови до градот Скопје со молба тимот на експерти да биде исплатен директно од страна на град Скопје, бидејќи Универзална сала не е во можност, меѓутоа нема никаков интерес и одзив. Експертите се лути бидејќи топката постојано се префрла од една до друга институција, а ваквиот бес потенцијално може да резултира во повлекување од работа на проектот, во време кога е најмногу потребно“, ни изјавија релевантни извори вклучени во проектот.

ГРАД СКОПЈЕ СО ИГНОРАНТСКИ ОДНОС КОН НОВИНАРИТЕ И НИВНИТЕ МЕЈЛОВИ ИСПРАТЕНИ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ НА МЕСЕЦ АПРИЛ

И покрај десетина испратени мејлови, до ден денес не добивме никаков одговор на поставените прашања во врска со Проектот Скопје Европска Престолнина за 2028 година.

Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Во периодот од 1985 до 2019 година, оваа титула е доделена на околу 60 градови од 30 земји од Европа, меѓу кои се повеќе градови од Југоисточна Европа и градови од земји кандидатки за Европска Унија.

Европската Комисија има утврдено годишна динамика според која, од 2020 до 2033 година е дефинирано кои 2 до 3 држави секоја година можат да дадат свои кандидати (градови) кои ќе се натпреваруваат за оваа титула, од кои 2 града доаѓаат од земји кои се членки на Европската Унија, а третиот град може да биде од земја кандидат или потенцијален кандидат за Европската Унија.

Постапката започнува со објавување на јавен повик од страна на извршната Агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура (ЕАСЕА) за пријавување на градовите од државите соодветни за аплицирање. Повикот беше објавен и траеше до 11 ноември 2022 година.

Градот Скопје по овој повик влегува во потесна селекција заедно со градот Будва кој според експертите вклучени во проектот не може ни оддалеку да се носи со Скопје, по инфраструктура, културни институции, споменици на културата, а сепак од властите добива третман на типичен занемарен провинциски град.

За да почне втората фаза од Проектот, неминовно е да се исплатат хонорарите на експертите вклучени во првата фаза за реализација на овој проект. Меѓутоа, со оглед на временската рамка неизвесно е дали воопшто ќе почне изработката на новиот бид бук каде треба акцентот да се стави на уметноста и културата.

Заради обезбедување на еднаквост со градовите од земјите членки на Европската Унија, секој град што доаѓа од земја кандидат има право да учествува на повиците и може да достави апликација исклучиво само еднаш, односно за една година во периодот од 2020 до 2033 година и може само еднаш да ја добие титулата.

За титулата ЕПК 2028 можеа да аплицираат градови од Чешка, Франција и од земјите кои не се членки на ЕУ: Македонија, Албанија (без Тирана), Црна Гора (без Херцег Нови), Исланд, Лихтенштајн и Косово.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Хеда Габлер“ во Драмскиот театар

„Хеда Габлер“ работена по текст на авторот Хенрик Ибзен е новата претстава...

КУЛТУРА

„Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги под слоганот „25 години Антолог е класика“

Книжевниот центар „Антолог“ со особена гордост го објавува своето учество на годинашниот...

КУЛТУРА

Велигденски концерт на „Танец“ во петок во НОБ

Во Националната опера и балет во петок, 19 април, ќе се одржи...