ИНФО

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ОБВИНУВА: Во УЈП сериозно се кршат правилата

Синдикатот на УПОЗ, како потписник на Колективниот договор во Управата за јавни приходи, преку соопштение реагира на, како што велат, континуираното и сериозно кршење на правата од работен однос во оваа институција.

Според УПОЗ, во оваа институција долг временски период се ограничуваат правата на вработените со носење на поединечни акти на работодавачот, не се применуваат законските одредби и одредбите од Колективниот договор особено оние кои се однесуваат на начинот на пресметка на плата, додатоците на плата и други надоместоци од работен однос и се прават незаконски времени и трајни прераспоредувања на вработените.

Од Владата, Министерството за финансии и од УЈП бараат утврдување и исплата на додадок на плата од 30 проценти и за вработените во УЈП почнувајќи од јануари годинава и пресметувањето и исплатата на платата, надоместоците и додатоците на плата најитно да се усогласи и да се врши согласно Колективниот договор. Синдикатот бара и усогласувањето на платите да биде согласно порастот на индексот на трошоци на живот во случаи кога ќе надмине 10 проценти во споредба со претходниот месец, да се признава степенот на образование на вработените и да се прекине со временото распоредување на вработените и тоа да се користи во случаи и на начин како што е пропишано согласно законот и Колективниот договор.

„Време беше изворно да се слушне барем дел од вистината и за вработените во УЈП кои долги години на различни начини се обесправени во остварување на своите права од работен однос“, велат од Синдикатот на УПОЗ, повикувајќи ги Државниот инспекторат за труд, Државниот завод за ревизија, Народниот правобранител и Комисијата за дискриминација да спроведат надзор по допрен глас во Управата за јавни приходи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

РАБОТА НА МРЕЖА: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со слаб ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од...

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...