КУЛТУРА

Огромен успех е што луѓето го прифатија и го чествуваат Денот на македонскиот јазик

Д-р Елена Јованова – Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ вели дека оваа година Денот на македонскиот јазик се одбележува под слоганот „Пишувај на кирилица“, со цел да се стави акцент на употребата на кириличното писмо во секојдневната електронска комуникација особено преку мобилните употреби.

Министерството за култура по повод 5. мај, Денот на македонскиот јазик организира дебата со која ги афирмира македонскиот јазик и кириличното писмо. Денешната дебата е со почеток од 12 часот во Националната опера и балет.

Оваа година одбележувањето на Денот на македонскиот јазик е под слоганот „Пишувај на кирилица“ со акцент на употребата на кириличното писмо во секојдневната електронска комуникација особено преку мобилните употреби. За овој значаен ден, Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“  подготви своја програма, за што поразговаравме со д-р Елена Јованова – Грујовска, директор на оваа институција.

Од кога се одбележува Денот на македонскиот јазик, со оглед на тоа што вие бевте поборник за да се востанови овој ден?

ЈОВАНОВА – ГРУЈОВСКА: Денот на македонскиот јазик се одбележува од 5 мај 2019 година. По предлог на претседателот проф. Људмил Спасов и членовите на Советот за македонски јазик, Владата на својата 130. седница одржана на 15 април 209 година донесе одлука 5 мај да се чествува како Ден на македонскиот јазик. Со тоа вековната борба за македонска држава со службен македонски јазик, како и децениската усна и писмена употреба на кодифицираниот македонски јазик, добија валоризација. Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” на 5 Мај 2019 година го одбележа Денот на македонскиот јазик во своите простории.

Каква е програмата за овој ден, што се ќе се случува и каде?

ЈОВАНОВА – ГРУЈОВСКА: Годинава во Институтот го одбележуваме Денот на македонскиот јазик со дводневен меѓународен научен собир со учесници од неколку земји од регионот. На 5 мај во 10 часот свое поздравно обраќање ќе има министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во 12 часот во фоајето на Националната опера и балет е предвидена панел-дискусија под слоганот “Пишувај на кирилица”, а во организација на Министерството за култура и Владата. Во 10:30 во Ректоратот на УКИМ ќе бидат доделени признанија на поранешните директори на Семинарот за македонски јазик. Во 13:30 на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” ќе се одржи трибина за состојбите во современиот македонски јазик. Одбележувања ќе се случуваат во повеќето училишта, универзитети, институции, медиуми. Луѓето го прифатија и го чествуваат Денот на македонскиот јазик.

Оваа година распишавте и конкурс по училиштата за да ги мотивирате учениците, студентите да пишуваат и размислуваат на македонски јазик. Идејата е за поздрав, која е главната цел и дали овој конкурс ќе премине во традиција?

ЈОВАНОВА – ГРУЈОВСКА: На Денот на македонскиот јазик планирано е објавување на наградените учесници на литературниот конкурс за најдобар есеј. Имаме девет наградени ученици и студенти. Наградите во книги (од четири  издавачки куќи) и парични средства ќе им бидат доделени на 26 јуни, на првиот ден од одбележувањети на јубилејот на Институтот. Паричните средства самоиницијативно ги доделува “Фондација Заев. Едно општество за сите” како стимул за младите со вонредни резултати.

Ние сме пријатно изненадени од големиот одзив. Во разгледувањето и одлучувањето учествуваа 15 професори и асистенти. Ние конкурсот го распиша ме во чест на јубилејот на Институтот за македонски јазик – 70 години од основањето. Сега размислуваме дали да прерасне во традиција..

Пред две години ја обновивте спомен собата на Крсте Петков Мисирков. Колку посетители досега ја посетиле?

ЈОВАНОВА – ГРУЈОВСКА: Спомен-собата на Крсте Мисирков е нашата гордост. Таа е постојано достапна за посетители. Со најава, ја посетуваат ученици и студенти од целата земја. Бројот е импозантен. Очекуваме најголем да биде во деновите на јубилејот ( 25. – 30. јуни 2023 г.).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

КУЛТУРА

Филмови на Јан Кадар во Кинотека

Филмови на еден од најголемите режисери на денешницата, словачкиот режисер Јан Кадар...

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...