АКТУЕЛНО

НЕ ВОЗЕТЕ ПО ДАМЕ ГРУЕВ: Цела улица е раскопана и полна со механизација

На улицата Даме Груев во центарот на Скопје владее хаос поради градежни работи за реконструкција. Раскопана е улицата на потегот од ТЦ „Палома Бјанка“ до улица Македонија. Се работи и на корнење на асфалтот од тротоарите, па цела улица е блокирана од градежна механизација.

И покрај тој што на улиците се изведуваат градежни работи, не е затворена за сообраќај, па автомобилите кои се движат низ неа заглавуваат во дупките и прокопите.

Град Скопје почна со реконструкција на улицата Даме Груев пред три недели. Во текот на градежните работи на овој дел од улицата покрај коловозот на површина од 3.250 квадратни метри, се реконструираат и пешачките патеки, нивелираат шахтите и сливниците, а планирана е велосипедска патека и уредување на зеленилото долж целата сообраќајница.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...