АКТУЕЛНО

МОН отвори мејлови на кои учениците ќе можат да пријават врсничко насилство

Mинистерството за образование и наука (МОН) отвори адреса за пријавување насилство во училишта, prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk како централно место каде може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации.

„Филмски сцени станаа реалност во регионот. Посакувам никогаш и никаде да не се повтори тоа што се случи во нашето соседство. Но, за тоа ќе треба многу повеќе да се поработи. Младите живеат во ново време со многу нови предизвици и мораме да наоѓаме начини како да ги елиминираме факторите и да го скротуваме младинскиот, избувлив дух. Затоа денес и иницираме дијалог со експертската јавност и академската фела, како и со сите други надлежни институции, за да делуваме конкретно“, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Тој кажа дека темата со врсничко насилство е сериозна и дека затоа е потребна поддршка од сите општествени чинители. Потенцираше дека исклучително му е драго кога гледа како младите се дружат во и надвор од училиштето, заедно учат, се натпреваруваат со знаења и токму тоа треба да биде нивниот фокус, наместо размислувањата како да се испровоцираат врсниците од негативен аспект.

Инаку, денеска во МОН имаат состанок педагози, психолози и експерти за врсничко насилство и сајбер насилство. По состанокот ќе кажат заклучоци кои ќе се однесуваат на тоа и што треба да се менува за да се врати воспитната компонента на образованието.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Град Скопје воведува нова биокомпостара за ефикасно третирање на органскиот отпад

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија, ја...

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...