СЦЕНА

МОНОДРАМАТА „ОЈ ЖИВОТЕ“ ВЕЧЕРВА ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР

Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ ќе настапи в петок на 5 мај во 20 часот во Драмски театар Скопје. Текстот на Јосип Пејаковиќ со силна трагикомична драмска приказна, актерот Џек Димиќ го адаптирал, режирал и го толкува ликот во монодрамата која изобилува со црн хумор.

Џек Димиќ енергично, динамично со многу жестина и страст не води низ бројните доживеани немили настани и размислувања за „пропуштениот живот“ доколку не се одлучел да издржува казна за дело што друг го извршил. Преплетувањето на тагата и хуморот во монодрамата ја придобива публиката да се идентификува и сочувствува со приказната која за среќа, упатува дека секогаш постои надеж.

Актерот Жељко-Џек Димиќ веќе три децении живее во Америка. Дипломирал на Институтот за театар и филм во Њу Јорк „Ли Стразберг“, каде се образувале Марлон Брандо, Роберт Де Ниро, Ал Пачино. На прашањето дали е напорно да се живее и работи на релација Њу Јорк – Белград. Тој истакнува дека токму на институтот „Ли Стразберг“ научил дека за актер не постојат никакви бариери, особено не географски. „Еден актер, доколку му се допаѓа сценариото, доколку себе се гледа во некоја понудена улога, секако треба да ја прифати и да работи – вели Димиќ.

Димиќ се радува на секое гостување во регионот и се надева на добар прием што подразбира многу смеа и силни емоции од македонската публика во Драмски театар.

Анализирајќи ја филмската индустрија во Холивуд, тој вели дека не е лесно да се одржува континуитет и да се биде постојано ангажиран на најголемиот пазар на шоу бизнисот во светот. „Конкуренцијата е огромна и денеска сме тука, утре не сме. За тоа воопшто не размислувам и не се оптеретувам. Тргнувам од старомодниот пристап и секогаш кога ќе добијам ангажман се гледам себе си како прв пат да застанувам пред камера, како да ми е тоа прва улога и како да ќе ми биде последна”- го објаснува својот став актерот.

На прашањето што значи за еден актер да стане славен, да добива главни улоги и кое е чувството кога ќе го сврти медиумското внимание кон себе, Димиќ одговара – „Актерот е наемен работник. Таа реалност ја прифатив уште кога го добив мојот прв ангажман. На институтот „Ли Стразберг“ ја имав таа привилегија да учам од луѓе кои многу внимание посветуваа на она што се вика „актерска работа“. Што, како, со кои колеги, колкава е улогата, тоа не ги интересира. Се вели, нема мали улоги, има само глумци што мислат дека се големи, и потоа не сакаат да работат“ – појаснува Џек Димиќ и додава дека работи со актери што денеска имаат хонорари од 20 милиони долари по улога, а биле задоволни и со појавување од 5 секунди во своите први филмови во кои биле ангажирани.

Џек Димиќ во Холивуд играл во популарните ТВ серии „Ред и закон“, „Место на злосторот“, „Црна листа“, „Замок“, „Сина крв“, како и во сериите што во последните години се снимаат во регионот „Државен службеник“, „Ургентен центар“, „Воена академија“, „Клан“, „Династија“, „Вера“ и многу други. Џек Димиќ го играл научникот Никола Тесла во филмот „Народот на Тесла“, кандидат за Оскар за долгометражен играно-документарен филм во 2020 година.

Во престет на неговиот настап во петок во Драмски, се заблагодарува на поддршка на Амбасадата на Босна и Херцеговина и се надева на одличен прием кај македонската публика.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Кратки Македонски Филмови во Кинотека

Денес со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат...

СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода...

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...

СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис...