КУЛТУРА

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД МАИ: ВЛАДА УРОШЕВИЌ, ВЕЛКО НЕДЕЛКОВСКИ И БИСТРА ГЕОРГИЕВА МЕЃУ НАГРАДЕНИТЕ

Македонската асоцијација на издавачи седми пати по ред ги организира наградите кои ги врачува на издавачките куќи за нивни успешни дела. Оваа година имаше вкупно 10 категории за кои се пријавија издавачките куќи со повеќе од 200 наслови.

Комисијата во состав: Владимир Јанковски, писател, преведувач и уредник;  Дарко Спасов, драматург и преведувач и Ивица Спасовски, креативен директор имаа за задача да ги разгледаат сите доставени книги и да ги изберат најдобрите меѓу нив во различни категории.

Наташа Атанасова на почетокот од свеченото доделување со жалење констатираше дека и оваа година не успеала Асоцијацијата да обезбеди награди во вид на хонорари за наградените, што ни укажува на фактот дека немаме општествено одговорни компании на кои  книжевноста им значи како дел од културата.

Прво место за најдобра едиција отиде кај едицијата „Пегаз“ од Арс Ламина со годинашниот добитник Сибо за Зелениот дворец. Потоа најдобра корица доби Баскервилскиот пес од серијалот на Шерлок Холмс. Илустрација и дизајн на корица е на Александра Софрониеска („Арс ламина“). Признание за најдобро ликовно  – графички  уредено признание отиде во рацете на „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг, графичко уредување на Емилија Харалампиева („Арс ламина“). Најдобра детска книга меѓу двата саеми е „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ од авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, илустраторка Наталија Лукомска („ИД-концепт“).

„Мене сите овие награди ми се многу драги. Лани добив второ место за „Мистериозниот остров“ од Стела и Сани едиција. Оваа година особено многу се израдував, секако поттик ми е, меѓутоа најголем поттик ми е кога децата ги читааат моите сликовници. Тој ми е основен поттик, а наградата доаѓа како признание за трудот. Се уште не знам дали ќе има нова книга од мене годинава, тоа оди кај мене на поинаков начин, не го планирам. Зависи од инспирација, од период, од многу фактори“, ни кажа Бистра Георгиева, авор на првонаградената книга за деца.

Бистра Георгиева и Александар Трајковски

Понатаму како најкреативно признание е прогласено „Ветерната приказна“ од Ника Гавровска со илустрации на Наташа Андонова („Гаврош“), а второто место отиде кај Велко Неделковски за неговите „Прегрнати книги“ во издание на Арс Ламина.

„Не сум добивал многу награди досега, мене наградите ме заобиколуваат. На анонимни конкурси да, меѓутоа вакви признанија не сум добивал, како да работам во Занзибар. Моите книги се најголемите хроничари за Скопје, и за деца и за возрасни. Скопје од педесеттите години, од шеесетите години, седумдесетите години итн. Од министерството за култура не добивам поддршка често пати, ама додека сум жив ќе творам. Кај себе имам уште многу ракописи кои чекаат да бидат објавени“, изјави Велко Неделковски, автор.

Признание за автор на годината е награден Влада Урошевиќ, кој годинава се закити и со наградата Стале Попов, односно ја понесе наградата роман на годината.

Критериуми кои се земаат предвид при доделувањето на наградата и за кои е потребно образложение од страна на издавачите во апликациите:

  • популарноста и влијателноста на авторот во културно-општествената средина и неговиот придонес во афирмација на книжевноста во и надвор од државата;
  • број на странски преводи на дело/дела од авторот во периодот меѓу двата саема;
  • успесите од продажбата (број на продадени примероци)..

„Сакам да ве предупредам дека се уште не сум ги објавил сите книги кои мислев да ги објавам оваа година, така што ќе има дополнителни изданија. Би сакал да спомнам моите големи современици, моите пријатели, моите колеги, бидејќи оваа награда тогаш не постоеше и би можеле исто така да бидат автори на годината. Тоа се: Славко Јаневски, Матеја Матевски, Живко Чинго, Петре М. Андреевски, Радован Павловски и уште многу други. Сакам само да ги споменам бидејќи заслужувале своевремено и тие да бидат автори на годината“, изјави Влада Урошевиќ на доделувањето на наградите од МАИ.

И последните две награди отидоа кај: „Водич низ природата“ од Кирил Арсовски Пржо, илустриран од Хари Дудески („Чудна шума“) со признание за поттикнување општествена одговорност и како промотор на читачка култура беше прогласена библиотеката „Искра“ од Кочани.

Сите овие изданија, а уште многу други можат да се најдат на штандовите на Издавачките куќи, изложувачи на саемот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...