Поради изведба на градежни активности за асфалтирање со прв слој на дел од коловозот на улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница денеска ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива денеска од 8 часот наутро до 15 часот попладне во едната насока и ќе биде зафатена само една коловозна лента.
Leave a comment