МОЕ ЗДРАВЈЕ

Кои се опасностите од нередовната проверка на филтрите за воздух во автомобилот

Во случај на почесто течење на носот и насолзени очи кај возач, стручњаците препорачуваат проверка на филтрите за воздух во кабината од автомобилот, коишто треба ги задржуваат несаканите честици од воздухот, како полен, прашина, бактерии или алергени.

Имено, додека филтрите се нови, тие спречуваат надворешните влијанија да навлезат во возилото, но филтрите што не се менуваат подолго време, може да се затнат и да станат „плодна почва“ за мувла и други штетни влијанија. И антибактериските и фунгицидните премази на филтерот стануваат неделотворни по долга употреба. Тоа уште повеќе ја препорачува редовната проверка на филтрите.

Има само неколку модели автомобили што им овозможуваат на сопствениците сами едноставно да ги исклучат и вклучат филтрите. Повеќето возачи ќе треба да го однесат своето возило кај механичар за замена на тој дел.

Познавачите велат оти филтрите би требало да се менуваат на секои 15.000 минати километри и дека дури и возачите кои не минуваат толку голема километража треба да ги менуваат барем еднаш годишно за да се обезбеди нивната делотворност.

Така, ако страдате од алергија на полен, не се препорачува паркирање под дрвја за време на сезоната на полен. Исто така, најдобро е прозорците да бидат затворени во возење, како и подвижниот покрив.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Ново истражување: Откриена причината за утринска мигрена

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Холанѓанец собори Гинисов рекорд како пациент кој речиси 40 години живее со донирано срце

Берт Јенсен (57) од Холандија речиси 40 години живее со донирано срце...