АКТУЕЛНО

Од јули пак ќе има евтина струја преку ден

За два месеци, почнувајќи од јули годинава ќе се врати дневната евтина струја во траење од два часа. Откако беше укината на почетокот на минатата година, сега од Регулаторната комисија за енергетика велат дека постојат можности од јули да се вратив евтината тарифа поради падот на цената на струјата на светската берза.

„До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски за „Сакам да кажам“.

Според него цените сега овозможуваат ЕСМ и ЕВН хоум да набавуваат струја на слободниот пазар, со цел да се чуваат ресурсите односно  јагленот и водата за зимскиот период, кога не се знае какви ќе бидат цените на струјата.

Евтината тарифа преку ден беше воведена во октомври 2017 година, а укината на 1 јануари  2022 година. Во моментов струја по евтина тарифа има само навечер од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...