ИНФО

Конкурс за учество на летен воен камп за млади 2023 во Црна Гора

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за одбрана објави јавен повик за учество на 5 средношколци од земјава на летен воен камп за млади, кој во периодот од 26.06-10.07.2023 година ќе се одржи во Црна Гора.

На кампот ќе учествуваат и средношколци од  Црна Гора за што Министерството за одбрана на Црна Гора веќе има објавено јавен повик. Целта на проектот е средношколците да ги тестираат своите вештини како војници, преку активности и дружење развиваат чувство за солидарност и пријателство, се стекнат со знаења за улогата и значењето на Армите во општеството и на тој начин се зајакне интересот за воената професија.

Програмата предвидува секојдневна обука во разни воени и други вештини: медицинска обука, натпреварување во топографија и оријентација, ракување со оружје и гаѓање, обука за работа со средства за комуникација, кампување (исхрана и преживување во природа, обука на брзи води и сплаварење-рафтинг, извидничка обука и ориентација во ноќни услови) и обука во качување со јаже. Покрај тоа, за учесниците во кампот се подготвени бројни спортски-рекреативни и културно-забавни активности.

Општи услови кои кандидатите мора да ги исполнуваат:

  • Да се државјани на Република Северна Македонија ;
  • Да се здравствено способни;
  • Да не се осудувани или кривично се гонат.

Посебни услови кои кандидатите мора да ги исполнуваат:

  • Да се ученици од трета и четврта година од средните училишта во Република Северна  Македонија;
  • Постигнат најмалку многу добар успех во секоја година на средно училиште;
  • Да имаат примерно поведение;
  • Да има препораки од класниот раководител и директорот на средното училиште.

Документацијата која кандидатите треба да ја достават:

Формулар за апликација;

  • Потврда за македонско државјанство (кандидатите кои имаат лична карта не се должни да доставуваат потврда за државјанство и извод од матична книга на роден;
  • Извод од матичната книга на родени;
  • Потврда од надлежен орган дека не се осудувани;
  • Копии од сведетелствата од сите години на средно образование;
  • Наод од матичниот лекар за отсуство на ментални, инфективни и хронични заболувања, не постар од еден месец;
  • Согласност на родител/старател, со копија од лична карта на родителот/ старателот;
  • Мотивационо писмо;
  • Препорака од класниот раководител и директорот на училиштето;
  • Потврда за награди и и признанија од натпревари.

Начин за пријавување на конкурсот:

Кандидатите кои аплицираат на јавниот повик, документи за аплицирање да ги испратат на адресата – Министерство за образование и наука, ул Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје со наслов “За јавен повик за Летен  воен камп за млади во Црна Гора”.

Учеството во кампот е бесплатно, Министерството за одбрана на РСМакедонија ќе  обезбеди комплети на униформи за учесниците на Летниот камп за млади и ги покрива трошоците за превоз и осигурување, додека Министерството за одбрана на Црна Гора обезбедува сместување, исхрана и медицинска помош.

За време на траењето на Летниот воен камп за млади, припадници на Војската на  Црна Гора ќе се грижат за безбедноста на учесниците во кампот. Со учениците од земјава ќе престојува и старешина од Армијата кој ќе биде задолжен за редот, дисциплината и реализација на предвидената програма.

Кампот ќе биде организиран во единиците на Војската на Црна Гора во Даниловград, Колашин, Плевља и Тиват.

Изборот на кандидати ќе го спроведува Комисијата од Министерството за образование и наука на РСМакедонија.

Во прилог на повикот се доставуваат формуларот за апликација и формуларот за согласност за родител/старател.

Јавниот повик е отворен до 08.05.2023.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...