АКТУЕЛНО

БЕЗ ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА: Димо Хаџи Димов небезбедна и за пешаци и за возачи

Еден месец од кога улицата Димо Хаџи Димов беше пуштена за сообраќај се уште не е исцртана хоризонталната сигнализација. Не се обележани ниту колозните ленти ниту пешачките премини. Иако на почетокот на минатиот месец градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најави дека оваа улица е речиси готова и побезбедна, во моментов на терен ситуацијата е поинаква.

Граѓаните велат дека иако улицата е проодна, во фазата во која се наоѓа, не е нималку безбедна како за возачите, така и за пешаците.

На одредени делови од улицата се уште се работи на водоводната мрежа, се поставуваат павер елементи на тротоарите, а само на едно место има знаци кои сигнализираат дека нешто се работи.

„Тука има училишта, градинки и во ваква полунаправена состојба претставува огромна опасност за најмладите. Се снаоѓаме како знаеме и умееме, оти никој не почитува пешаци особено затоа што не се знае каде правилно треба да минуваме“, велат жителите кај Шампионче.

Наместо ветените три месеци, што Арсовска ги даде како рок за завршување на оваа клучна улица во Кисела Вода, од почетокот на реконструкцијата се поминати осум месеци.

За 800 метри улица од Градот се издвоија 41 милион денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...