АКТУЕЛНО

АВТОБУСИТЕ ИЗЛЕПЕНИ СО РЕКЛАМИ: Ништо не гледаме, не знаеме кај сме и ги утнуваме станиците

„До каде сме сега? Која е оваа станица? Пак ја утнав станицата и сега треба пеш да се враќам назад, од рекламите што ги залепиле на автобусите ништо не гледаме“. Ова е секојдневен муабет на патниците во автобусите на ЈСП „Скопје“ кои не можат да видат каде се движи автобусот од рекламите со кои се излепени цели возила па дури и прозорците.

Проблем особено имаат постарите патници, па велат дека многу често се симнуваат на погрешна станица.

„Имав закажано преглед во поликлиниката Букурешт и бидејќи ништо не се гледа од прозорците се симнав дури во Лептокарија па оттаму одев пеш назад. Ем ги чекаме автобусите по еден час, ем што има гужви, уште рекламиве на прозорците фалат. Во Скопје јавниот превоз никогаш не бил поочаен“, вели 65-годишна патничка која редовно користи јавен превоз.

Освен што нема никаква прегледност, со рекламите се загрозува и безбедноста во сообраќајот.

Од ЈСП „Скопје“ за овој проблем само кусо ни одговорија дека „Договорот за закуп на надворешни и внатрешни рекламни површини на автобусите на ЈСП Скопје е со Одлука од 29.03.2017 година донесена од страна на Управниот одбор на ЈСП Скопје, а врз основа на јавен оглас“.

Договорот за ставање реклами на автобусите со фирмата „Маратон“ беше склучен во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски, а пред локалните избори во 2017 од тогашниот директор Игор Јанушев беше потпишан беше потпишан анекс со кој се продолжува на 10 години почнувајќи од 1 јануари 2018, што значи дека има важност до 2028 година.

Ексградоначалникот Петре Шилегов кога стапи на функција кажа дека договорот е штетен односно од издавањето на рекламниот простор заработува „Маратон“ а многу мал процент добива ЈСП „Скопје“. Во времето на Шилегов не беше дозволено лепење реклами на новите МАН-ви автобуси, но со доаѓањето на фунцкија на Данела Арсовска и тие се излепија со реклами.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...