АКТУЕЛНО

ХАОС ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ: Граѓаните висат по автобуски, доцнат на работа, автобуси нема ни за лек

Хаосот во јавниот превоз продолжува. Автобуси има на 30 минути и повеќе, а и кога ќе стигнат на постојките, толку се полни, што половина од луѓето кои чекаат, не успеваат да се качат.  Граѓаните и да сакаат да планираат кога да бидат на постојката или пак да го усогласат времето на јавниот превоз со нивното работно време или училиште, тоа не е возможно, од причина што возниот ред не е во согласнот со моменталниот распоред на автобусите.

Апликацијата на ЈСП која треба да ги информира граѓаните за движењето на автобусите и нивното време нема врска со состојбата на терен, а ниту електронските табли поставени на самите постојки кои го исчитуваат времето кога треба да стигне автобусот не се точни, бидејќи возилата постојано доцнат.

„Од 7:45 сум на автобуска. Точно половина час не дојде ниту една 57-ца. И кога конечно дојде, немаше шанси да се качам. Автобусот беше толку полн, немаше игла кај да се стави, а не човек да влезе. 10-15 луѓе си останавме да чекаме и да се молиме дека следниот, кога и да дојде, ќе има место и за нас. Ова е невидена срамота! Доцниме на работа, кој ќе ни оправда тоа? Зар од 05 часот наутро да седиме на постојкава, за во 08:30 да сме на работното место? Ова ли е модерно Скопје?! УЖАС“, вели една жителка на населбата Бутел, која утрово чекаше на постојката кај локалното пазарче.

Граѓаните постојано преку социјалните мрежи го изразуваат својот револт за случувањата во јавниот градски превоз и се жалат дека автобусите со месеци се нередовни, проретчени и доаѓаат на многу долг временски период, како и дека се преполни и под секое достоинство.

Ваквата состојба со автобускиот превоз трае цели пет месеци и засега градоначалничката Данела Арсовска нема никаква најава дека нешто ќе се среди. Единствено што прави е избегнување на новинарски прашања што мисли да направи за да го среди досега невидениот хаос со јавниот превоз во главниот град. Таа не одговара зошто се уште не склучила договор со приватните превозници кои кон крајот на минатата година се исклучија од јавниот превоз поради долг што Градот го има кон нив. Иако најави дека со третиот по ред јавен повик се е во ред и дека прашање на ден е кога овие превозници пак ќе се најдат по скопските улици, оттогаш помина повеќе од месец и половина.

Истовремено Арсовска врши и притисок на секоја седница на Советот на Град Скопје да се купат нови 30 автобуси, на што советниците не и даваат зелено светло, со објаснување дека тоа нема да го реши проблемот и ја насочуваат да ги користи парите кои веќе му стојат на располагање на Градот (70 милиони евра) од Бас рапид транзит, а не да се задолжува 10 милиони евра, кога Градот и онака е во многу лоша финансиска состојба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...