АКТУЕЛНО

РКЕ размислува да ја врати евтината струја

Регулаторната комисија за енергетика ја разгледува опцијата цената на струјата во одреден период во денот да биде значително пониска од цената која се плаќа во првиот тарифен блок, односно од 7,41 денар за киловат час.

„Постојат сериозни шанси да се  воведе пониска одредена цена во текот на денот. Таа цена ќе видиме  на кој начин ќе биде определена. Ќе има период сигурно кога ќе има пониска цена на струја да речеме од онаа во првиот блок, значително пониска. Се прават анализи и во наредните две до три недели ќе имаме и конечен став“, изјави за Телма, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Берзанските податоци за струјата се многу пооптимистички во однос на она што се случувало овој период минатата година.

Од РКЕ велат дека за прв пат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.

„Според податоци од Хупекс, имаме прв пат пад во дневните часови негативна цена веќе на најгоемата референта берза и за нас. Имаше негативна цена и одиме во насока да ипсратиме сигнал до ЕСМ како компанија која обезбедува струја за Универзалниот снабдувач, во период во ниска цена за да ги заштитиме домашните ресурси јаглен вода, многу е поисплатливо да обезбедиме струја од пазарот, не мора да е од увоз може да е од домашните фотоволтаици“, изјави Бислимовски.

Дневната евтина тарифа за домаќинствата поради енергетската криза и растот на цената на берзите беше укината и од јануари 2022 година граѓаните не можеа да ја користат, но исто така се зголеми и цената на електричната енергија. 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...