35-годишната пејачка Ријана на завчерашната Мет Гала во Њујорк, иако во поодмината бременост блесна во бел фустан, украсен со 3Д бели цвеќиња, додека нејзиниот партнер раперот Асап Роки носеше црвен кариран килт во комбинација со избледени фармерки, црно елегантно сако и тенка вратоврска.
Подоцна Ријана ја соблече цветната наметка и остана само во белиот фустан, кој многу корисници на социјалните мрежи ги потсети на венчаница. Откако фотографиите беа објавени на Интернет, обожавателите на парот почнаа да шпекулираат дека Ријана и Асап Роки наскоро ќе се венчаат.
За второто дете со кое е бремена, јавноста дозна на Супер Боул 2023, прилично изненадена за нејзината втора бременост девет месеци по раѓањето на првото дете.
Leave a comment