ИНФО

Повеќе категории на лица во Ѓорче Петров ќе добијат бесплатен транспорт до болниците

Сите болни, немоќни, изнемоштени и социјално ранливи-категории на лица кои живеат во општина Ѓорче Петров ќе добијат бесплатен транспорт до потребните здравствени установи. Оваа услуга Општината ја обезбеди во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

Доколку лицата имаат закажано претходно термин за лекарски преглед потребно е да се јават на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот.

При закажување на термин потребно е да се дадат целосни податоци. Лицето има право на бесплатен превоз финансиран од страна на општината во еден правец, максимум четири пати во текот на една година.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и секретарот на Црвениот крст, Сузана Тунева Пауновска денеска го потпишаа договорот за бесплатно користење на возилото.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Поради дефект УКИМ без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-150...

ИНФО

Партерно се уредува Бутел 2

Започа партерното уредување и засадување на ново зеленило во населеното место Бутел...

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со температура до 18 степени

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните...