СЦЕНА

„Набуко“ ќе ги отвори 51. Мајски оперски вечери

Со премиера на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, со комплетно нова режија, сценографија и костимографија се отвораат годинашните 51. Мајски Оперски Вечери, кои се заштитен знак на Националната опера и балет.

Годинешното отворање ќе се одржи традиционално на 9 мај. Набуко е многу барана од публиката и со оваа комплетно нова постановка ќе се збогати и репертоарот на НОБ.

Диригент на претставата е Даниеле Аџиман, гостин од Италија, познат на меѓународно ниво. „Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката. Својата праизведба оваа опера ја имала во 1842 година во миланска „Скала“. Тоа е третата опера на Верди за која се смета дека трајно ја воспоставила неговата репутација како композитор. Со оваа опера Верди станува идол на италијанците а најпознатиот рефрен „Летни мисло“ редовно се потпевнува и ден денес.

Цената на билетот за оваа претстава чини 800 денари и може да се купи на билетарата во НОБ.

Во рамки на програмата за годинашните „Мајски оперски вечери“ ќе бидат изведени и оперите: „Кармен“, „Травијата“, „Лебедово езеро“, Вердиевите „Реквием“ и „Аида“ со која, како и секоја година, традиционално ќе бидат затворени.

Цените на билетите за останатите претстави чинат 600 денари, освен за завршната „Аида“ кој чини 800 ден, како и „Набуко“.

На отворањето на фестивалот целиот кастинг на Набуко ќе биде со вработени оперски солисти од НОБ, а за другите претстави во главните улоги ќе настапат гости од странство.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...