ИНФО

КОНКУРС ЗА ХОРСКИ НАТПРЕВАР ВО КАРПОШ

Општина Карпош распиша јавен оглас за хорски натпревар меѓу општинските основни училишта. На напреварот можат да учествуваат хоровите на општинските училишта, во состав на ученици кои се дел од училишниот хор и наставник по музичко образование од училиштето. Училиштето треба да се престави со една композиција (акапела или со инструментална придружба), композицијата може да е световна или духовна.

Училишните апликации треба да се достават до архивата на Општина Карпош, барака бр. 2 во затворен плик со назнака „Комисија за реализирање на програмски активнсоти на Општина Карпош од областа на образованието за 2023 година“ со пропратно писмо во кое ќе се наведе насловот на композицијата со која ќе се престави училишниот хор. Рокот за пријавување е 16ти овој месец.

Целта на овој јавен повик е развивање на креативноста, музикалноста, уметнички и натпреварувачки дух кај учениците, актуализирање и афирмирање на хорското творештво, мотивирање на учениците и  наставниците по музичко образование за училишна награда.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со мала облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност....

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...

ИНФО

Жичницата на Водно денес нема да работи поради технички зафати

Жичницата на Водно денес нема да работи поради предвидени технички зафати, информира...