ИНФО

ДЕНЕС И УТРЕ ПОСЕБЕН РЕЖИМ КАЈ ЦРВКАТА СВ.СПАС: Улица Самоилова затворена за сообраќај

Денес од 19:00 часот и утре, на одредени улици ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Според потребите на полицијата, утре за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со улицата„Прохор Пчински“, а на 04.05.2023 (четврток) затворена за сообраќај ќе биде улица „Самоилова“, на потегот од „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до булеварот„Гоце Делчев“ во Скопје.

Причина за ваквиот времен режим е одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и...

ИНФО

Казнети 179 возачи, 51 возеле пребрзо

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...