КУЛТУРА

ВО КИЦ: Изложба на фотографии „МАКЕДОНИЈА ВИА ИТАЛИЈА“

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од Влатко Рафески, насловена „Македонија виа Италија“. Ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат со најубавите планински пејзажи од Македонија и од италијанските Доломити.

Влатко Рафески (1980, Скопје) повеќе од 12 години се занимава со пејзажна фотографија и, како што наведува КИЦ во најавата, „со пејзажите е вистински амбасадор на убавините на природата, посебно на убавините на Македонија“.

-Но низ неговиот објектив имаат поминато и голем број пејзажи од други земји. Во неговото портфолио се голем број признанија од земјава и од надвор, како и учества на бројни фотографски манифестации, светски конкурси на фотографија, групни изложби, вебинари и предавања, фестивали и друго, соопшти организаторот.

Изложбата „Македонија виа Италија“ за посетители ќе биде отворена до 15 мај.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...