АКТУЕЛНО

РОДИТЕЛИ ОВА ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Детали за упис на децата во прво одделение во основните училишта за училишна година 2023/2024

Денеска почна уписот на децата во прво одделение во основните училишта за учебната година 2023/2024. Во прво одделение ќе се запишуваат деца кои имаат наполнето шест години и кои до 31 јануари идната година ќе наполнат шест години, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Пред уписот секој родител преку порталот uslugi.gov.mk  треба да пополни апликација, да избере училиште и да ги прикачи потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:

Потврда за примени задолжителни вакцини;

Потврда од офталмолог;

Потврда за извршен стоматолошки преглед.

Сите овие потврди треба да бидат издадени од надлежна институција.

Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...