ИНФО

КОГА НИ СЕ ВРАЌА СОНЦЕТО? И оваа недела ќе биде тмурна, а еве какво време е пред нас

Променливо облачно време го обележи денешниот ден. Во текот на ноќта нè очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 20 степени.

Во среда (03.05) не очекува променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Во четврток (04.05) исто така ќе имаме променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.

Овој петок (05.05) времето ќе биде умерено облачно. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...