Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече вкупно 83 казни за сообраќајни прекршоци, од кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, а осум возачи немале возачка дозвола. Десет возачи пак, се санкционирани за минување на црвено светло.
Од МВР апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и ги известуваат сите учесници во сообраќајот дека продолжуваат со секојдневните контроли на улиците и патиштата.
Leave a comment