КУЛТУРА

ИГОР МИРОВИЌ И ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ – ГОДИНАШНИ ДОБИТНИЦИ НА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА ВАВИЛОН

Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон“ ќе се одржи утре и задутре, во организација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Свеченото отворање ќе биде утре, со почеток во 11 часот во Свечената сала на ДПМ. По музичката точка на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, Насока за традиционална музика и игра, поздравна реч ќе има  претседателот на ДПМ проф. д-р Христо Петрески. Беседа за Вавилон ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, претседателка на Собранието на ДПМ.

Годинашни добитници на меѓународната награда „Вавилон“ се Игор Мировиќ, поет од Војводина и македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Признанието „Македониум“ ќе им биде доделено на Културно-информативните центри на Северна Македонија во Њујорк, Софија, Истанбул, Тирана и Загреб.

Во продолжение на програмата, како што информира ДПМ, ќе следува „Поезија на реки од јазици“ со учество и настап на истакнати поети од земјава и странство.

Следниот ден ќе се одржи литературно матине „Вавилон“ во галеријата Даут пашин амам во Старата скопска чаршија, со почеток во 11 часот.  Ќе настапат учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, насока за традиционална музика и игра, а поздравна реч ќе има проф. д-р Дита Старова, директорка на Националната  галерија.

По беседите на добитниците на наградата „Вавилон“ Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш, ќе настапат афирмирани писатели од земјава и странство.

Манифестацијата „Вавилон“ е меѓународна и традиционална, а годинава се очекува да  има учесници од Северна Македонија, Србија, Италија, Шпанија и други земји.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...