КУЛТУРА

ВО МКЦ: Работилница за креативно пишување со Фросина Пармаковска

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРОЗА – „Пишуваме и патуваме“ со ментор Фросина Пармаковска, од денес до 6 јуни секој вторник во прссториите на Џепно кино, Младински културен центар. Возрасната група на учесниците е од 14 до 18 годишна возраст.
Часовите се замислени и прилагодени кон сите категории на учесници, како и кон нивните интереси и преференци. Овие креативни работилници, уште во раната фаза инсистираат на поттик и мотивација на учесниците писмено да се изразуваат, согласно со нивниот личен избор во однос на книжевните видови и жанрови. Паралелно со тоа, се усвојуваат техники на пишување со акцент на кус расказ, расказ и роман (наративни стратегии, ликови, дејство) со користење на најсовремени методи и техники. Притоа, големо внимание се обрнува и на посочувањето на литература на учесниците односно читање класични и современи автори од светската книжевност со материјали кои ќе им бидат обезбедени во рамките на самата работилница. Книжевните креативни работилници се замислени со многу интеракција, динамичност и поттикнувањето на мислата и нејзино преточување во пишан збор. Учесниците, во однос на своите пишани текстови) добиваат прегледи, критики, сугестии – сѐ во насока на унапредување и развој на усвоените техники и вештини.
Времетраењето на една работилница ќе биде два школски часа, односно час и половина.
Пријавување на frosina@parmakovski.com. Бројот на учесници е ограничен.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...