МОЕ ЗДРАВЈЕ

Во Австралија забрани и ограничувања за „вејпинг“-цигарите

Австралија воведува забрани и ограничувања околу рекреативното „вејпинг“-пушење, објави денеска тамошниот министер за здравство, Марк Батлер.

Согласно новите правила, електронските уреди за пушење ќе се продаваат само во аптеките и ќе биде забранет увоз на оние уреди коишто не се нарачани од аптеките. Ќе бидат забранети сите електронски цигари за еднократна употреба и ќе се воведат ограничувања на пакувањето, вкусовите, боите и достапноста, како што нагласи министерот во обраќањето пред Националниот клуб на новинари на Австралија.

„Нема повеќе вкусови на гума за џвакање, нема повеќе „розови еднорози“ или е-цигари во шарени кутивчиња за деца што може да се скријат во кутија за моливи. Наместо тоа, ќе имаме обични пакувања со едноставни вкусови.“ Пушењето е-цигари е „најголемата дупка“ во австралиската историја и Австралија нема да дозволи придобивките што ги постигна во намалувањето на употребата на тутун да се поништат со нова закана по здравјето“, рече Батлер.

Батлер рече дека пушењето во Австралија станало „рекреација“ за тинејџери и млади луѓе кај кои сега има три пати поголема веројатност да пропушат.

„Електронските цигари, властите и заедниците во дел од светот ги продаваат како терапевтски производ за помош на долгогодишните пушачи да се откажат од цигарите. Нема да стоиме на страна и да дозволиме пушењето е-цигари да создаде уште една генерација зависници од никотин“, додаде тој.

Знаеме дека поскапата цигара е помалку привлечна цигара, истакна Батлер.

Taкa, Австралија ќе ги зголеми даноците за тутунот за пет отсто годишно следните три години, меѓу другото, и за исплаќање на програмата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Кој треба да избегнува чај од камилица

Одредени студии укажуваат на ризик од спонтан абортус или предвремено породување доколку...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Напивки благотворни против анемија

Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Жените кои спијат под седум часа на ден се поизложени на опасност од дијабетес 2

Жените кои спијат помалку од седум часа на ден се поизложени на...