АКТУЕЛНО

АВТОБУСИТЕ ОД КОСОВО ЈА БЛОКИРААТ ИЛИНДЕНСКА

Секој викенд, но и во празничните денови автобусите кои превезуваат туристи од Косово го блокираат булеварот Илинден. Испаркираните автобуси долж улицата ја попречуваат функционалноста на автобуската постојката спроти Зоолошката градина, па граѓаните кои чекаат градски автобус мора да трчаат и по неколку метри за да го стигнат автобусот.

Секој пат на ова место се испаркирани најмалку три-четири автобуси, кои без пардон булеварот го користат како паркинг и ги истовараат патниците, а и ги чекаат и по неколку часа.

Граѓаните реагираат на ваквиот башибозлук и велат дека ниту еднаш полицијата не е излезена на терен и никој не го санкционира ваквото самоволие на туристичките автобуси од Косово.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...