Судејќи според истражувањата, во кафето не треба да се додава ниту млеко, бидејќи кога се меша со големи количини на кофеин, се зголемува излачувањето на калциум во урината, а голема количина се таложи во цревата.
Казеинот, кој се наоѓа во млекото кога ќе дојде во контакт со кофеинот, коагулира и создава гасови кои предизвикуваат абдоминална болка и абдоминална непријатност. Освен тоа, нутриционистите велат дека млекото во кафето го блокира метаболизмот и е главната причина поради која некој не може да ослабе.
Истото важи и за кафињата богати со слоеви крем и сируп, тие содржат астрономски количини на калории. На пример, ваквото кафе во мала шолја може да содржи 300 калории, односно празни калории кои немаат никаква хранлива вредност и на тој начин прават повеќе штета отколку корист.
Дури и ако го избегнувате овој вид кафе, поголема е веројатноста да полиете една до две лажички шеќер, а тоа не само што создава низа здравствени проблеми, како што е дијабетесот, туку и го менува оригиналниот вкус на кафето.
Ако, пак, не сакате да пиете горчливо кафе, тогаш најдете алтернатива во природните засладувачи.
Leave a comment