Издавачката куќа „Арс Ламина“ продолжува со донациите, по реализираната едукативна презентација пред просветните работници од основните училишта во соработка помеѓу Општина Кисела Вода и претставници на издавачката куќа, продолжија со планираните активности во склоп на кампањата „Читањето е супермоќ“.
Посетени беа ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, ООУ „Партение Зографски“, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, ООУ „Невена Георгиева Дуња“, ООУ „Св. Климент Охридски“, Драчево, ООУ „Кузман Шапкарев“, ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Круме Кепески“ и донирани по 100 книги за нивните библиотечни фондови.
Со збогатување на понудата на библиотеката со нови изданија од едицијата „Лесно читливи лектири“, со вежбанки, читанки, збирки и нагледни постери, а во соработка со наставниците и библиотекарите, се поттикнуваат читачките навики кај децата, се привлекува нивното внимание и се помага во тоа училиштата да бидат уште постимулативна средина за читање.
Leave a comment