РИТАМ НА ГРАДОТ

Некогашниот празник на трудот од ливадите се префрли во кафеани

Празничниот викенд скопјани ќе го поминат или во домашна атмосфера, кафеана или во Грција како најбарана дестинација за првомајските празници.

Третата опција – Посета на некое излетничко место – веќе скоро и да не е опција. Со оглед на дождливата временска прогноза може да очекуваме празни ливади на Матка, Водно, Марков манастир.

Да потсетиме дека Први мај е меѓународен ден на трудот, ден што се слави во чест на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на работничките права. Во 1884 година Федерацијата на синдикатите усвоила Резолуција со која се прогласило дека од 1 мај 1886 година работниот ден ќе трае осум часа, наместо дотогашните 10, 12, па дури и 14 работни часа на ден. И покрај тоа што прославувањето на овој датум започна со борбата на работниците од Чикаго за воведување осумчасовен работен ден, САД заедно со Канада и Јужна Африка се земјите каде Први мај воопшто не се слави.

Кај нас, до пред две децении, во периодот кога Македонија се сметаше дека е држава на работничката класа, Први мај беше ударнички ден за работа, кога се натфрлуваа планираните норми, се прогласуваа ударници, се делеа награди, се одржуваа приредби.

Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден.

Традиционален ден за излет беше Втори мај. Ех, а излетот беше семеен настан. Тоа беа подготовки денови однапред, какво месо ќе се купи, намирници за салата, скарата да се подготви, пикник масата и столчињата на расклопување. Ѓепекот полн, срцата полни.

Сега само ако е паричникот полн се тргнува на првомајска прослава некаде во кафеана или некаде надвор.

А дали се срцата полни или не, не е сигурно. Полни се профилите на инстаграм и фејсбук со фотографии од фенси ручеци со милион филтери.

Скромноста, семејната радост, полниот ѓепек сега се заменија со луксуз, лажни насмевки и полн паричник.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Oд денеска до 21. април Цветен фестивал во Дајмонд мол

 Од 17. до 21. април во Дајмонд мол под мотото „Расцветај“, ќе...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...