ИНФО

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека половина час

На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со појава на магла

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...