СЦЕНА

Над 1.000 танчери ќе танцуваат денес во Ист Гејт

Денес во 14 часот, во Ист Гејт, со танц перформанс од над 1.000 танчери од повеќе танц студија од Македонија, ќе се одбележи и поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години.

Настанот е воедно и најава за ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИПХОП И БРЕЈКДЕНС (СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ), како и ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТАНЦ ФЕСТИВАЛ DANCE OFF 2023 (ИСТ ГЕЈТ МОЛ).

И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.

Во програмата во сабота, покрај танц перформанс, ќе има и диџеј – DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија, информираат од организацијата на настанот.

Танцот има моќ да ги зближи луѓето, да раскажува приказни и да искажува емоции што зборовите не можат. Без разлика дали се работи за традиционални народни танци, класичен балет или модерни современи стилови, танцот има способност да нѐ поврзе со нашите тела, нашите заедници и нашата заедничка хуманост.

Светскиот ден на танцот e ден посветен на славење на различноста и убавината на танцот ширум светот.

Настанот ќе го модерира Димитар Атанасовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба – добитници на наградите од Литера

На последниот ден од фестивалот на Литера традиционално беа доделени наградите за...

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...