ИНФО

Времето не би требало да ѝ попречи на скарата и на уживањето во природа

Снегот во април нè изненади, а после него имавме можност да уживаме во вистинско пролетно време. Велигденскиот викенд го обележаа променливи временски услови. Со оглед на тоа што многумина планираат да го прослават први мај на отворено, веќе се прашуваат дали времето ќе биде добро.

Според моменталната прогноза на метеоролозите, до крајот на месецов времето ќе биде променливо, сонце и облачност ќе има наизменично, а на места можен е и дожд.

За самиот празник, в понеделник наутро, според сегашните податоци, нè очекува убаво и сончево време, но некаде во попладневните часови нè очекуваат врнежи кои ќе бидат локални и со не толку голем интензитет. Слична ситуација ќе биде и пред празникот, во сабота. Постабилно време ќе има во недела за кога не се очекуваат врнежи од дожд.

Од таму за продолжениот викенд велат дека температурите ќе бидат малку пониски за овој период од годината во споредба со претходните години. Дневната просечна температура на територијата на целата земја ќе се движи од 17 до 23 степени.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...

ИНФО

„Халкбанк“ организира работилници во рамки на иницијативата Прајслес планет

Во рамки на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД...